- Дваесет и две годишниот европски шампион со Шпанија и еден од најдобрите крилни напаѓачи во шпанскиот фудбал, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао отворено и кажал на управата дека сака трансфер во Барселона летово.
- Нико беше еден од најзаслужните за европското злато на Шпанија на Евро2024. Тој е помлад брат на капитенот на Атлетик Ињаки Вилијамс. Во тандем со Ламин Јамал правеа дар-мар на Европското првенство во Германија.
- Сега Јамал го повикал Нико да му се придружи во Барселона, голем трансфер најавува и првиот човек на клубот Жоан Лапорта, но Атлетик Билбао без 62 милиони евра колку што стои во откупната клаузула не сака да чуе за трансфер.
- Со проблеми со регистрација на играчи во блиско минато и финансиски тегоби, Барса тешко да го оствари овој трансфер наскоро.
- Баерн Минхен чека.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.