- Контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло на кој сè нешто не му чини, се отвори за австралиските медиуми.
- Кирјос има навика да се расправа со судии и кога треба и кога не треба и често знае да се однесува идиотски.
- Но тој сам си признава дека има многу проблеми со самоконтролата и дека тешко наоѓа баланс. Пред две години размислувал дури и за самоубиство.
- Дваесет и седум годишниот голман на репрезентацијата на Црна Гора и англиски Милвол, Матија Шаркиќ рано утрово починал во апартман во Будва откако му се слошило.
- Шаркиќ пред само десет дена бранел одлично на голот на Црна Гора на мечот против Белгија. Тој се родил во англискиот град Гримбзби во 1997-ма година а кариерата ја започнал во младинските категории на белгиски Андерлехт.
- Потоа бранел во Астон Вила, Виган, Стратфорд, Ливингстон, Вулверхемптон, Шрузбери, Бирмингем, Стоук и Милвол.
- Во Милвол стигнал во август минатата година и сезонава имал 33 натпревари од кои на 12 не примил гол. За Црна Гора дебитирал на меч со Белорусија во 2019-та година. Црногорскиот фудбалски сојуз и соиграчите на Шаркиќ како и Милвол се простуваат од младиот голман.
- Германските и британски надлежни институции се скршија од апелирање во изминатиов период дека пивото во Германија има многу повеќе проценти алкохол отколку оние на Островот и дека навивачите треба да припазуваат колку и како пијат.
- Германската полиција во еден од последните апели до англиските навивачи пред мечот со Србија во недела од 21:00 во Гелзенкирхен напоменала дека би сакала англиските навивачи повеќе да конзумираат марихуана (канабис) отколку да пијат со оглед на агресивноста која може да произлезе од алкохолот.
- „Нема проблем да се пуши канабис на улиците (во Германија е дозволена мала количина за употреба). Ако видиме група луѓе кои пијат алкохол и изгледаат и се однесуваат агресивно, а друга група пуши канабис, секако дека ќе ја следиме групата што пие алкохол“.