- Начинот на кој го полнеше кошот на Литванците беше вонсериски, тие едноставно немаа начин како да го спречат. Апсолутно доволно за сите индивидуални признанија што постојат во квалификациите за ЕП 2025.
- И, толку! Македонија не виде никаков ќар од неговото солистичко шоу бидејќи кошарката всушност е тимска игра во која се игра пет на пет.
- Ова значи дека останатите наши кошаркари може да се „пофалат“ дека само во неколку наврати по неколку секунди го имале баскетот кај себе и тоа најчесто само за да му го вратат на лидерот на националниот тим.
- Затоа и не зачудува што еден вонсериски шутер од калибарот на Дамјан Стојановски за 16 минути има зачудувачки еден удар кон кошот на Литванија, неговиот брат близнак Војдан за 26 минути има неверојатни четири шутеви, а Адем Мекиќ само два обида за 22 минути.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.