- Деновиве трае голема дебата околу тоа дали треба израелските спортски клубови и репрезентации да бидат исфрлени од спортот. Меѓу нив и фудбалската репрезентација која игра во квалификациите за Светско првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.
- Шпанскиот премиер Педро Санчез беше меѓу првите кои на конференција во Обединети Нации побара спортски санкции и суспензии против Израел.
- Неговиот апел го поддржаа уште други западни министри и премиери, па сега се очекува да се види дали УЕФА и ФИФА ќе постапат по примерот на Русија која буквално за три дена по почетокот на специјалната воена операција во Украина беше исфрлена од сите можни клупски, репрезентативни, спортски и културни манифестации ширум Европа.
- „Апсолутно ќе работиме во целост да блокираме каков било обид да се суспендира репрезентацијата на Израел од квалификациите за Светско првенство“, рекло официјално лице од Стејт Департмент за БиБиСи Спорт.
- Друго лице, член на Европскиот парламент за БиБиСи Спорт рекол: „Разбравме дека раководството на УЕФА сака да види некоја акција за ова. Ништо не е потврдено ниту закажано но има нов, многу голем притисок од многу земји споредбено со пред месец дена“.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.