- Англиските навивачи но и другите од Европа полека го разобличуваат митот за „Енфилд Роуд“ како стадион на кој има пеколна атмосфера. Ако тоа некогаш било така во ’80-те и ’90-те години, сега во последниве неколку години стадионот на Ливерпул е речиси како театар.
- После мечот Ливерпул - Вест Хем 5-1 од англискиот Лига Куп, синоќа тренерот на „црвените“ Јирген Клоп бил резигниран од атмосферата на трибините: „Не сум нималку среќен со атмосферата зад мене. Се прашував што тие сакаат? Ни треба Енфилд на нозе и тоа не само тогаш кога јас се карам со противнички тренер или што и да е. Ако не си во добро расположение, дај ја картата на некој друг“, искрено рекол германскиот тренер кој неколку пати досега апелираше до трибините на „Енфилд Роуд“ да се разбудат од летаргијата.
- За оваа изјава се ситат противничките навивачи кои велат: „Нема разлика меѓу Енфилд и Етихад“, „Само мит е тоа дека Енфилд имал некаква пеколна атмосфера“.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.