- Најдобриот фудбалер на денешницата, Египќанецот Мохамед Салах ги прекина сите повеќемесечни шпекулации и потпиша нов договор со црвените.
- Мо игра неверојатна сезона и веќе постигна 32 гола на 45 настапи во сите натпреварувања од кои дури 27 погодоци паднаа во Премиер лига со што тој е апсолутен лидер и се очекува да ја добие Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.
- За лудата сезона на Салах говорат и 22 асистенции за своите соиграчи. Салах потпишал нов 2-годишен договор и ќе остане до следното лето 2027-та година.
- На навивачите им олесна.
- Докторот на селекцијата на Сенегал бил обучен како гинеколог и немал стручно искуство потребно за да го лекува тимот за време на Светското првенство, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал, Абдулае Фол.
- Проблемот бил откриен доцна и предизвикал загриженост кај играчите за нивото на медицинската поддршка. Врз основа на повратните информации што ги добив, играчите не беа доволно уверени дека се поддржани од него“, рече Фол.
- Сенегал во групата И го победи Ирак, но ги загуби првите два натпревари од Франција и Норвешка. Во 16 финалето се соочи со болна елиминација од Белгија. Водеше 2:0, загуби 2:3 во продолженија.
- Роналдо и Меси играа на шест светски првенства, но Енрике Макаја Маркес бил на трипати повеќе. Во новинарската кариера долга седум децении, 91-годишниот Аргентинец известувал од 18 светски првенства по ред.
- Првото му било во 1958, кога сведочел на појавата на тогаш 17-годишниот Пеле. Макаја имал 24 години кога го пратиле на тоа првенство во Шведска.
- Една од првите работни задачи му била да го следи натпреварот Бразил-Австрија, но неговото прво сеќавање е она што стана познато како „шведска катастрофа“ – поразот на Аргентина од Чехословачка со 6:1.
- Речиси седум децении подоцна, Макаја го виде фудбалот како се трансформира до непрепознатливост. Телевизијата стана дигитална, статистиката стана моментална, а светските првенства се проширија во глобални спектакли.