- Најдобрата кошаркарска лига на светот е најдобра токму од овие причини. Таму можеш до утре сабајле да бидеш суперѕвезда, ама правила се правила.
- Еден од најдобрите кошаркари на повеќекратниот шампион Голден Стејт Вориорс, центарот Драјмонд Грин е казнет со 5 натпревари суспензија поради тоа што без никаков повод го давеше противничкиот кошаркар Руди Гобер на мечот со Јута Џез.
- Во изолиран инцидент прво се закачнаа Клеј Томпсон и Џајден МекДаниелс а Руди Гобер влезе да ги раздвои на што Драјмонд Грин без никаква причина го фати Французинот и го давеше по целиот терен. Првите тројца кошаркари се казнети со по 25.000 долари, соопшти Џо Думарс, извршниот потпретседател и шеф на кошаркарски операции во НБА лигата. Грин досега во казни во НБА платил 769.705 долари во текот на кариерата.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.