- Готово е. Конечно заврши трансфер сагата за врвниот француски фудбалер Бредли Баркола кој од ПСЖ оди во Ливерпул. Трансферот според пишувањата на Атлетик, ќе изнесува 120 милиони фунти односно 140 милиони евра со тоа што фиксниот дел е нешто над 116.500.000 евра.
- Ова е четврти летен преоден рок по ред Ливерпул да носи астрономски скапи засилувања.
- Швеѓанецот Александар Исак со платена цена од 145.000.000 евра и натаму останува најскапо платено засилување во историјата на Ливерпул а Флоријан Вирц беше платен 125 милиони евра!
- Баркола имаше уште две години од договорот со ПСЖ, а веќе ги прецизирал и личните услови со Ливерпул. Во Париз тој сезонава ќе имаше страшна конкуренција во Дезире Дуе, Хвича Кварацхелија, Феран Торес, Мика Годст и Магнес Аклијуш.
- 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
- Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
- Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
- „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
- А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
- „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.