- Фудбалерите на Селтик ја забележаа и седмата победа во 8. коло во шкотскиот Премиершип. Први се на табела со 7 бода пред вториот.
- На мечот против Килманрок кој „келтите“ го добија 3-1, домашните навивачи одново ја поддржаа Палестина во воениот конфликт со Израел.
- Палестинската група Хамас во саботата изненадно и неочекувано го извела најголемиот ракетен напад против Израел во изминатите неколку години, при што загинале стотина лица а има и многу повредени.
- Легендарниот фудбалер на Црвена звезда и Милан, повеќекратен европски шампион, Дејан Савиќевиќ кој е претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, се соочил со очекувана казна за прекршоците кои ги направил во сообраќај.
- Савиќевиќ во неделата во Херцег Нови возел брзо и одбил алко-тест кога полициска патрола го сопрела неговото возило. Сега судија за прекршоци му изрекол казна со одземање возачка дозвола на 4 месеци и парична казна од 1.000 евра.
- Концертот на озлогласениот хрватски пејач близок до усташката идеологија чии настапи претходните години беа забранувани во Германија, Швајцарија и Австрија, во саботата одржа масовен концерт на Хиподром во Загреб.
- Организаторите соопштија дела 504.000 присутни лица на концертот поставиле нов светски рекорд. На истиот присуствувал и познатиот трофеен голман Филип Ивиќ, хрватски репрезентативец. Поради ова неговиот клуб РК Војводина каде потпишал пре само три недели, му го раскинал договорот.