- „Акцентот да биде ставен на самодовербата и вербата во своите квалитети и можности. Тоа значи дека не треба да одиме во Германија за да се задоволуваме со минимален пораз или пораз со помал од десет гола разлика од домаќините и актуелниот олимписки шампион Франција. Во ниту еден спорт не треба така да се размислува така.
- „Основа на секој колективен спорт и темел е одбраната и физичката подготвеност. Мора да бидеме беспрекорни за 70 минути игра, не само за 60 минути, доколку сакаме да го издржиме темпото“.
- „Нашата главна предност треба да ни биде брзината, затоа во напад наместо да играме еден на еден, или два на два, треба широка распространетост на бековите, односно на бековите да се остави простор да направат вишок, да има различни вкрстувања, да има брз проток на топка и да доаѓаме до ширина“, стои во анализата на Стефче Стефановски за 24 ракомет.
- Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град пресуди дека клубот, основан во 1911 година ќе биде ликвидиран.
- Долгорочните финансиски проблеми се причината за оваа тажна вест која доаѓа од италијанскиот фудбал. Долговите изнесувале околу 20 милиони евра.
- На клубот му биле одземени 8 бода, што довело до испаѓање во Серија Ц, за потоа да не успеат ниту да регистрираат играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните лиги на италијанскиот фудбал.
- Бреша е асоцијација за Роберто Баџо, а дресот на овој тим го имаа носено и Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Сандро Тонали...
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.