- По расправија со некои луѓе, таткото на еден од најдобрите фудбалери на Шпанија на изминатото Европско првенство Ламин Јамал, Мунир Назрауи бил нападнат и избоден после што бил пренесен во болнциа.
- Бил тешко ранет но не бил во животна опасност. Нападот се случил во едно предградие на Барселона, населбата Рокафонда де Матаро.
- Татко му на Ламин Јамал, најдобриот млад играч на Евро 2024 и во минатото имаше проблематични епизоди како онаа кога влегол на еден митинг на десничарската партија Вокс и почнал да фрла, да вика и ги напаѓа присутните.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.