- Трката во крос-кантри скијање на 50 километри на ЗОИ во Пекинг беше скратена на 30, ама тоа воопшто не смени ништо кај Финецот Реми Линдхолм.
- Тој ја завршил трката за 1 час и 16 минути, ама на многу заебан ветер кој му го направил следново:
- „Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив. Ова беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил. Кога деловите од телото почнаа да се загреваат по финишот, болката беше неподнослива“, изјави кутриот Реми.
- Групата своето си го заврши, подготвена и сплотена го дочекува финалето на Купот! Но, како и поголемиот дел од вардаровата и воопшто спортската јавност, свесни сме дека тоа што го чекавме 18 години, не го дочекуваме во нормални околности!
- Доволно е да се потсетиме како изгледаше првиот домашен натпревар оваа сезона, за да ја увидиме разликата и последиците кои управата со својот срамен пристап и однос кон навивачите, му ги нанесе на клубот!
- Но, и покрај тоа, во текот на целата сезона бевме тука за клубот, и покрај сите забрани и покрај сите обиди за замолчување. Затоа што за нас, над сè е љубовта и емоцијата која ја чувствуваме кон ФК Вардар, стои во дел од соопштението на Комити во пресрет на утрешното финале против Струга.
- Марк Косике, агентот на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ги демантираше информациите за неговиот клиент која се рашири во многу светски медиуми.
- Веста се појави во италијанскиот весник Ла Стампа, која утринава тврдеше дека Клоп има договор со Рома за наследник на Клаудио Раниери.
- Раниери моментално е привремен тренер, а по завршувањето на сезоната ќе биде советник на римјаните и ќе биде вклучен во изборот на новиот тренер.