- Емотивни сцени на Кале за Аеродромци. МЗТ Скопје со 3:0 го елиминираше ТФТ и се пласираше во финалето каде ќе ја брани титулата во домашното првенство.
- Навивачите во придружба со играчите носеа маици со ликот на Мац и држеа транспарент „Почивај во мир Мајоре“.
- Марјан Михајловски - Мац почина на 53 годишна возраст. Се работи за долгогодишен работник во МЗТ и еден од најпрепознатливите нивни навивачи.
- Ракометниот клуб Охрид соопшти дека по разговори со Европската ракометна федерација (ЕХФ), тие и грчкиот клуб РК Олимпијакос заеднички решиле, со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година кога РК Алкалоид и АЕК Атина не го одиграа реваншот од финалето на Европскиот Куп, нивните дуели во четвртфиналето да минат без гостинска публика.
- „ГРК Охрид со Олимпијакос одлучи да не врши продажба на билети за гостински навивачи и симпатизери на двата натпревари“, велат од охридскиот клуб.
- ГРК Охрид ќе биде домаќин на реваншот кој ќе се одигра на 04.04.2026 во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
- Мусовски е роден во САД, но воспитуван во духот на две култури тој растел со Македонија во себе. Јазикот, семејството, приказните, сето тоа оживувало во летните денови поминати во крушевско село Бучин, каде доаѓал кај баба му.
- И токму таму, меѓу децата од селото, на малото игралиште, почнал вистински да ја чувствува тежината на фудбалот.
- „Цело лето, јас и мојот помал брат само игравме фудбал со локалните деца и тогаш видов колку сериозна е фудбалската култура во Македонија. Секоја недела имаше футсал-турнири, групи од момци одеа од село во село, а целото место се собираше навечер да гледа натпревар на тоа мало игралиште. Беше неверојатно да се види, на едно мало ниво, колку фудбалот значи за луѓето и колку е длабоко вкоренет во културата“, раскажува Мусовски
- За мене и за моето семејство ова ќе биде огромен момент. Сигурен сум дека мајка ми и татко ми ќе плачат. Навистина ќе биде нешто посебно“, вели фудбалерот.