- „Земањето кокаин во Челзи беше најлошата одлука во мојата кариера. Бев сам и тажен, но ниту депресијата ниту ништо друго не ги оправдуваа моите постапки“, вели Адријан Муту во интервју за Телеграф.
- „Требаше да побарам помош, но не побарав. Сепак, учиш од сè во животот, а таа лекција ме направи подобра личност, многу позрела и самосвесна. Горд сум горд на тоа“.
- „Нулта толеранција, тоа беше политиката на Челзи во однос на дрогата. И мислам дека тоа е фер. Направив грешка, скршнав од патот и ја платив цената за тоа“, вели легендарниот романски напаѓач.
- По долгата афера со Судот за спортска арбитража која траеше неколку години, Муту беше принуден да му врати на Челзи милиони за прекршување на договорот.
- Мурињо, кој му беше тренер во тоа време, не го нападна во медиумите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.
- И покрај тоа што беше веќе потврдено дека некогашниот капитен и легенда на Севиља и Реал Мадрид ќе купи мнозински пакет акции во андалузискиот клуб, луѓето од клубот се откажале и ги допратиле до врата. „Договорот е прекршен и пропадна“, така рекол извор од клубот Севиља за последниот состанок меѓу инвестициската група на Серхио Рамос и луѓето од клубот.
- Рамос и неговите партнери претставиле значајни измени на договорот постигнат на 12-ти мај во кој се обврзале дека ќе платат 450 милиони евра, ќе го смалат признатиот јавен долг од 88 милиони евра за 80% од акциите на клубот“, рекол неименуван извор и додал: „Рамос после дојде со нова идеја: да купи околу 30.000 од акциите за 100 милиони евра, а договорот беше да купи 86.000 акции. После ова групата на Рамос предложила да ја зголеми сумата на 120 милиони но за 42% од акциите.
- „Бевме шокирани зошто сакаше да ја купи Севиља за едвај речиси 100 милиони евра, па после да изврши зголемување на капиталот од нешто повеќе од 100 милиони евра и на акционерите да им плати многу помалку. После ова состанокот беше распуштен“.