- Иако најави повлекување на почетокот на годинава, сепак Живко Мукаетов останува претседател на РФМ, функција која ја врши од 2013-та година, а на која ќе остане барем до завршувањето на мандатот кој му трае уште три години.
- „Сметам дека не е вистинско време за повлекување од функцијата, особено после сите настани во последните неколку месеци, енергијата која ја добивме со овој тим“.
- „Во овој Управен Одбор има луѓе кои се способни да ја водат Федерацијата, но знаеме дека има и мераклии од страна кои сакаат да бидат претседатели“.
- Групата своето си го заврши, подготвена и сплотена го дочекува финалето на Купот! Но, како и поголемиот дел од вардаровата и воопшто спортската јавност, свесни сме дека тоа што го чекавме 18 години, не го дочекуваме во нормални околности!
- Доволно е да се потсетиме како изгледаше првиот домашен натпревар оваа сезона, за да ја увидиме разликата и последиците кои управата со својот срамен пристап и однос кон навивачите, му ги нанесе на клубот!
- Но, и покрај тоа, во текот на целата сезона бевме тука за клубот, и покрај сите забрани и покрај сите обиди за замолчување. Затоа што за нас, над сè е љубовта и емоцијата која ја чувствуваме кон ФК Вардар, стои во дел од соопштението на Комити во пресрет на утрешното финале против Струга.
- Марк Косике, агентот на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ги демантираше информациите за неговиот клиент која се рашири во многу светски медиуми.
- Веста се појави во италијанскиот весник Ла Стампа, која утринава тврдеше дека Клоп има договор со Рома за наследник на Клаудио Раниери.
- Раниери моментално е привремен тренер, а по завршувањето на сезоната ќе биде советник на римјаните и ќе биде вклучен во изборот на новиот тренер.