- Дејвид Бекам стана првиот спортист милијардер од Велика Британија со богатство од 1,185 милијарди фунти на листата на најбогати на „Сандеј тајмс“ за 2026 година.
- Тоа гo става на второ место меѓу спортистите, зад семејството на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, чие богатство се проценува на 2 милијарди фунти.
- Поранешната икона на Манчестер Јунајтед е ко-сопственик на Интер Мајами, кој се проценува дека е највредниот клуб во МЛС со 1,45 милијарди долари (1,07 милијарди фунти).
- 51-годишникот, кој беше прогласен за витез во ноември, е исто така амбасадор на брендови како што се Адидас и Хуго Бос.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.
- Легендарниот Роберто Манчини повторно ќе седне на селекторското столче на Италија откако денес се договорил со првиот човек на Фудбалската федерација на оваа земја, Џовани Малаго.
- Првично откако Паоло Малдини и Леонардо добија функции во италијанскиот фудбалски сојуз, овие двајца го сакаа Андреа Пирло за нов селектор. Претседателот на федерацијата Малаго категорично го одбил тој предлог после што двајцата после само 16 дена заминале од функцијата зошто „зборот не им вредел“.
- За нов технички директор е назначен Клаудио Раниери.
- Роберто Манчини за некој ден ќе биде претставен како нов селектор на Италија. Тој веќе ги водеше аѕурите и им донесе европска шампионска титула во 2021 во епското финале против Англија на „Вембли“. Тој беше тренер и на Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит а ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија.