- „Имавме ситуации кога беше под знак прашалник одењето на тренинг и воопшто првенството. Проблемот беше финансиски. Смогнавме сили и собравме средства за да им дадеме на играчите за да почнат да тренираат. Тоа е еден проблем кој не прати цело време“.
- „Најдовме начини да испишеме историја бидејќи пласманот на Вардар во Првата лига при такви елементрани услови е рамен на чудо“.
- „Кога го презеде клубот Самсоненко во 2014-та година, го прими со салдо нула, без никакви долгови. Чесно е да се врати во првобитната состојба во која што бил земен. Тоа на нас ќе ни завршеше многу работа во овие три години и ни претставува огромен товар“.
- „Долгот од времето на Самсоненко е од прилика 2,5 милиони евра. Тој долг не само што не се врати, туку се зголеми. Од доаѓањето на Слободен Крстевски имаме нула намалување на долгот и според некои проценки сега имаме околу 3 милиони евра долг“.
- „Видовме дека никој друг не може да го сака Вардар како неговите навивачи кои покажаа голема пожртвуваност“, вели во интервју за РСЕ, Милорад Миленковски од навивачката група Комити.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.