- Актуелниот италијански првак Милан минува низ голема резултатска криза. Шест меча по ред не знаат за победа. Попладнево на „Сан Сиро“ Сасуоло го разби Милан со 2-5, а одново кобен за „црвено-црните“ беше Доменико Берарди кој по којзнае кој пат играше инспирирано против Миланезите. Овојпат имаше гол и две асистенции.
- Јувентус изгуби дома 0-2 од Монца и уште повеќе се оддалечи од местата кои водат во Европа. Ова е првпат уште од 21 март, 1993-та година и Милан и Јувентус да изгубат домашни натпревари во ист ден во Серија А. Цели 30 години поминаа од таков епилог во италијанското првенство.
- Монца на 18-ти септември лани го совлада Јуве со 1-0 и сега пак, на гости ги доби бјанконерите кои се во тешка криза.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.