- На заседание Меѓународниот паралимписки комитет (МПК) донел решение да ги суспендира сите спортисти од ПКР (Паралимписки комитет на Русија) и НПК (Националниот паралимписки комитет на Белорусија) од претстојните Зимски Паралимписки игри 2022 во Пекинг.
- Оваа одлука значи дека паралимпијците од Русија и Белорусија нема да се најдат на ЗПИ 2022 кои почнуваат на 4 март.
- „Ние во МПК сме цврсто убедени дека спорт и политика не треба да се меша. Иако не по своја вина војната се одразува и на овие Игри, зад кулисот многу држави имаат влијание на настаните. Ние го слушнавме мислењето на нашите организации-членки. Комитети од некои земји изјавија дека нема да учествуваат (ако руските и белоруските не се исфрлат)“, изјавил претседателот на Парлаимпискиот комитет Ендрју Парсонс.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.