Мбапе испрати писмо до цела француска нација
27 јули 2026
- Француската репрезентација влезе во завршницата на Светското првенство како главен фаворит за трофејот, но поразите во полуфинале и на натпреварот за трето место ја оставија со празни раце.
- Ова донесе големо разочарување во Франција а не тамошната јавност сега со отворено писмо и се обрати Килијан Мбапе, најдобриот стрелец на штотуку завршниот Мундијал.
- „Благодарност до сите кои бевте со нас, ова беше месец исполнет со многу емоции во кој ги поместивме сопствените граници. Еден месец гордо го носевме францускиот дрес, исполнети со страст која не движи на теренот, но и вас пред малите екрани и на трибините. Не ја освоивме титулата која сите ја сакавме, тоа боли и ќе боли уште некое време. Можеби ви должевме подобар крај, но не бираме како се завршува секоја приказна. Можеме да го бираме тоа што ќе го вложиме во истата, а ние дадовме се од себе“.