- Меѓународниот олимписки одбор (ОДО) реши од 2024-та, од Олимписките Игри во Париз во синхроно пливање да има и машка категорија. Досега во овој спорт на ОИ учествуваа само жени.
- Мажите најпрвин ќе се натпрваруваат во двочлени тимови, а женските екипи како и досега, ќе бидат составени од по осум членки. Ова доаѓа како последица на се почестите напори на МОК за еднаквост на половите. Во 2012-та жените за првпат се натпрваруваа во бокс на едни Олимписки Игри, а во Сочи подоцна и во скијачки скокови.
- Русија е најуспешна нација во историјата на синхроно пливање.
- Претседателката на Мексико Клаудија Шејнбаум пред неколку дена изјави дека Мексико е спремен да го одржи Светското првенство и дека не постои никаков ризик од одложување и преместување натпревари поради честите криминални пресметки меѓу бандите и полицијата.
- Но Светскиот Куп за скокови во вода закажан за следната недела во Мексико е откажан од безбедносни причини. Натпреварувањето требаше да се одржи од 5-ти до 8-ми март во градот Сапопан во близина на Гвадалахара во државата Хелиско. Но токму во оваа држава од минатата недела изби масивно насилство на бандите по убиството при обид за апсење на Намесио Осерега Сервантес познат како „Ел Менчо“, најпознатиот водач на озлогласениот нарко-картел „Халиско Нова генерација“ (CJNG).
- Бандитите веќе неколку дена палеле автомобили и блокирале улици со запалени автобуси во речиси 12 мексикански држави а властите тврдат дека најмалку 70 лица загинале во престрелките со полицијата.
- Најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид и во историјата на репрезентативниот фудбал, Кристијано Роналдо купил 25% од акциите на шпанскиот второлигаш Алмерија.
- Португалецот кој игра за Ал Наср купил пакет акции преку неговата фирма CR7 Sports Investments. Роналдо на крајот од 2025-та стана првиот фудбалер-милијардер. Неговото богатство се проценува на 1,4 милијарда долари.
- Шпанскиот клуб АЛмерија е на трето место во втората лига Сегунда дивизион со одлични шанси до крајот на сезоната да обезебди пласман во елитната Ла Лига.
- Огромно задоволство од влегувањето на Роналдо во Алмерија изразил и првиот човек на клубот, Мохамед Ал Кереиџи, сопственик на садуиската СМЦ Група.