Марсеј го отпушти Де Ѕерби со договор за споразумен раскин
11 февруари 2026
- Италијанскиот стратег Роберто Де Ѕерби доби отказ од управата на Олимпик Марсеј по дебаклот 5:0 од Пари Сен Жермен во големото француско дерби минатиот викенд.
- Марсеј во моментов е четврти на табела во Лига 1 со -12 бода зад лидерот ПСЖ а во Лига на шампиони испадна откако голманот на Бенфика во 90+5' Трубин му даде сензационален гол со глава на Реал Мадрид па португалскиот тим отиде понатаму наместо Марсеј.
- 46-годишниот Италијанец седна на клупата на некогашниот европски првак во летото 2024. Тој ја започна кариерата во Италија, ги тренираше Фоџа, Палермо, Беневенто и Сасуоло пред да замине во Шахтјор Доњецк. Одлични резултати постигна во Премиер лига како тренер на Брајтон а од таму замина во Марсеј.