- Шпанскиот медиумски магнат Марка пишува дека на крилниот напаѓач на Реал Мадрид Бразилецот Винисиус веќе му било соопштено тајно дека ќе ја освои наградата „Златна топка“ како најдобар фудбалер на светот за 2024-та. Официјално Златната топка ќе му ја врачат на 28-ми октомври во Париз.
- Најк веќе изготвил специјални златни копачки за Винисиус кој ќе ги носи по освоената награда која ја освојуваа најголемите великани на светскиот фудбал.
- Бразилецот минатата сезона имаше 26 гола и 13 асистенции на 49 меча во сите натпреварувања.
- Новото раководство на КФМ покрена иницијатива за промена на името на оваа организација.
- Куќата на кошарката сака да ја елиминира додавката „Северна“ и да не се вика повеќе Кошаркарска федерација на Северна Македонија.
- Како нови можни имиња е враќање на стариот назив Македонската кошаркарска федерација (МКФ), кое беше во употреба пред спорната одлука донесена пред шест години, што предизвика многу реакции.
- Иван Чупиќ е нов тренер на РК Вардар, кој доаѓа на местото на Гиљермо Милано, кој го загуби столчето после губењето на титулата на болен начин од Еурофарм Пелистер.
- „Сите го памтите Чупиќ како легенда на Вардар и кога на ПСЖ во последна секунда му даде гол. Што ме натера да го ангажираме е тоа што уште како играч искажуваше тренерски амбиции. По разделбата со Милано, добив желба да го ангажираме и тоа после еден разговор“, рече Михајловски кој се осврна и на Столе Стоилов.
- „Столе е легенда на Вардар, многу го ценам, мислам во овој моментот не спремен да го води тимот. Вратата за него секогаш е отворена. Тој е на годишен одмор. Дали ќе биде помошник или со некоја друга функција, ќе се договориме со него“.