Марјан Илиевски си поднесе оставка
21 јануари 2026
- Огромно изненадување на стартот од 2026 година во македонската кошарка. Селекторот на машката сениорска репрезентација се повлече и тоа само шест месеци по неговото назначување.
- Одлуката ја потврди КФМ, која соопшти дека Управниот одбор едногласно ја прифатил оставката на искусниот стручњак, поднесена непосредно пред почетокот на состанокот.
- Илиевски ја презеде репрезентацијата во јуни минатата година и ја водеше Македонија во неуспешните претквалификации за СП 2027, како и на стартот од првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029.