Македонски талент ја напушта Звезда и оди во Партизан
16 јуни 2026
- Младиот Александар Зунзуровски ги освои симпатиите на кошаркарската јавност во Србија со своите игри за младинците на Црвена звезда. Со својата симпатична фризура и карактеристично потекло од татко Македонец (поранешниот кошаркар на Работнички кој се вика исто Александар Зунзуровски) и мајка од Порторико тој е вистинска појава на теренот.
- Малиот Александар е роден во Њујорк поседува и американски документи и српски.
- Зунзуровски-јуниор се огласил на друштвените мрежи, се заблагодарил на Црвена звезда за пружената шанса и емотивно се збогувал со соиграчите и клубот. Сега Меридијан спорт пишува дека тој оди во најголемиот ривал - Партизан.
- Тој се прослави во финалето на српското младинско првенство каде против Бањица Мега постигна 34 поени и го добри признанието играч на мечот.