Македонски репрезентативец потпиша со Панатинаикос
29 јуни 2026
- Дваесет и четири годишниот центарфор Елмин Растодер е нов играч на грчки Панатинаикос. Фудбалерот роден во Швајцарија кој веќе има 9 настапи за Македонија, беше најдобар играч во швајцарската лига изминатата сезона и со 15 гола и 6 асистенции беше најзаслужен за сензационалната титула на Тун.
- Вредноста на Растодер според Трансфермаркт е 4 милиони евра.
- Италијанскиот твитерџија Фабрицио Романо соопшти дека Елмин Растодер денес ги комплетирал лекарските прегледи во Панатинаикос и дека ќе потпише договор. Со него во ПАО доаѓа и познатиот холандски стопер од Интер Стефан де Врај кому му истече договорот со нераѕурите летово.