- На Балканското првенство во Солун, македонската ватерполо репрезентација до 16 години одигра пет средби со гол разлика, онаа од насловот која глупо ни е да ја повториме.
- Одиме поединечно со резултатите за заборав.
- Бугарија - Македонија 21-3, Грција - Македонија 25-0, Србија - Македонија 29-1, Турција - Македонија 22-3 и Унгарија - Македонија 41:0.
- Потоп.
- Како што објави ФИФА лани во декември, најголемото Светско првенство досега има и најголем награден фонд во историјата. Вкупно 655 милиони долари ќе бидат поделени меѓу 48-те земји, а исплатите се движат од 9 до 50 милиони долари.
- Светскиот првак Шпанија заработи 50 милиони, а второпласираната Аргентина 33 милиони долари. Англија како трета ќе добие 29, а Франција 27 милиони долари.
- Најмалата награда од 9 милиони долари им следува на селекциите од 33-то до 48-мо место. Секоја федерација ќе добие по дополнителни 1,5 милиони долари за трошоците за подготовка.
- Барселона има дури осум светски прваци на овој Мундијал: Хуан Гарсија, Ерик Гарсија, Пау Кубарси, Гави, Педри, Дани Олмо, Ламин Јамал и стрелецот на голот Феран Торес.
- Овие осуммина се дел од списокот на 20 играчи кои го освоиле Светското првенство како играчи на Барса.
- Ромарио 1994, Ривалдо 2002, Валдес, Пике, Пујол, Бускетс, Чави, Иниеста, Педро и Виља во 2010 година, Умтити и Дембеле во 2018 година.