Македонија падна на ФИФА ранг листата
17 октомври 2025
- На денот кога УЕФА ги објави шеширите за следното издание на Лига Нации според кое Македонија ќе биде во четвртиот шешир од Лига Б, ФИФА ја објавни најновата ранг листа според која црвено-жолтите имаат пад од две места.
- По нерешените дуели со Белгија и Казахстан, македонската фудбалска репрезентација падна две места па од 63-та позиција сега е на 65-то место.
- Прва и натаму е Шпанија со 1.880,76 поени пред Аргентина која е втора со 1.872,43 поени, трета е Франција со 1.862,71 поен. Следуваат Англија, Португалија, Холандија, Бразил (пад од едно место), Белгија, Италија, Германија.