„Македонија може да игра на контри, без никаков притисок, а тоа би било фатално ако го дозволиме“
25 март 2026
- Притисокот врз играчите и селекторот е огромен. Лично јас доста се плашам пред мечот со Македонија, бидејќи тоа е тим кој може да дојде во Данска и да игра на контри без никаков притисок. Тоа би било фатално ако нашата селекција го дозволи.
- Ќе бидеме без големи имиња како Каспер Шмајхел и Андреас Кристенсен, а суспендиран е и Јоаким Андерсен. Ример треба да состави изненадувачки состав можеби и со осум дебитанти. Ќе биде голем ризик, ама селекторот верува во формата на тимот.
- Верувам дека најголемата закана од македонскиот тим ќе дојде од работната етика и сплотеноста. Ако овој тим остане сплотен и одигра еден за друг, видовме дека направи големи резултати во минатите години, а така Данска би била во опасност“, вели данскиот новинар Џони Војчех Кокборг во изјава за Гол.мк