- Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18:00 часот во Брисел ќе ги дознае противниците во новото издание на Лига на Нации за 2026-та година. Овој турнир ќе се игра како и минатото издание од септември до ноември, а нокаут фазата е закажана за март идната 2027-ма година.
- Македонија за првпат ќе игра во Б дивизија со најквалитетни ривали досега откако игра во Лига на Нации.
- Црвено-жолтите се дел од четвртиот сад во кој се наоѓаат уште селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово и против нив нема да играат сигурно.
- Статус на носители имаат: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Во вториот сад се сместени Швајцарија, БиХ, Австрија и Украина, а во третиот се Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија. Против некои од овие репрезентации Македонија ќе игра во група до Лига на нации.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.