Мајка му на Мегваер згрозена што синот не е викнат на Светско: „Срамно и одвратно“
22 мај 2026
- Селекторот на Англија, Германецот Томас Тухел синоќа го објави долго очекуваниот состав на Гордиот албион за Светското првенство 2026. На него ги нема Фил Фоден, Кол Палмер, Трент Александер-Арнолд и Хари Мегваер. Се враќаат повратниците Иван Тони и Маркус Рашфорд во нападот.
- Мегваер (32) синоќа напиша на друштвените мрежи: „Бев уверен дека можам да играм голема улога летово за мојата земја по сезоната која ја имав. Останав шокиран и збунет од одлуката. Нема ништо повеќе што сакам од тоа да го носам дресот на мојата земја низ годиниве. Им посакувам на играчите се најдобро летово“, напишал скршениот Мегваер за кого немаше место во репрезентацијата на Тухел.
- Мајка му Зои, погодена од списокот на мрежата Х напишала: „Апсолутно сум згрозена!“.