- 16 годишниот Брајан Авиа е втора година во скопската гимназија „Никола Карев“ и носител на пет државни рекорди, од кои два во категоријата под 16 и три во категоријата под 18 години.
- Неговиот личен рекорд во скок во височина му е 2,1 метар, а во далечина 6,82 метри. Мајка му Милена Милошевска вели дека од секогаш бил брзо, енергично и љубопитно дете, па дома си го нарекуваат „торнадо“.
- Најголема желба му е да застане на подиумот на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.
- „Во атлетиката веќе ме знаат, исто како и во моето училиште, „Никола Карев“, ама кога сум некаде надвор од стадион и од училиште, речиси секогаш ми се обраќаат на англиски со некое прашање, па се чудат кога ќе им одговорам на чист македонски јазик“, се смее Брајан.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.