Лука Банки во одбрана на Жељко Обрадовиќ
1 декември 2025
- Познатиот италијански кошаркарски стручњак Лука Банки кој ја водеше Летонија на изминатото Европско првенство а сега е тренер на Виртус и на италијанската репрезентација, имаше убаво излагање во однос на бројните оставки и откази во Европа периодов.
- „Мислам дека во Евролига видовме досега пет смени на тренери. Тоа заслужува подлабок разговор за пристапот, распоредот и начинот на кој ги проценуваме победите и поразите. Ако сакаме да ја имитираме НБА со таков распоред, мора да прифатиме дека создаваме услови во кои поразите стануваат поверојатни. Вредноста на еден натпревар се намалува. Ако некој вели дека секој натпревар е важен јас не можам да се сложам со тоа. Овој распоред не е хуман. Играње секоја вечер не остава време за одмор, за опоравок и за соодветна подготовка“, вели Лука Банки на конференција за новинари.
- Жељко Обрадовиќ и Еторе Месина од Олимпија Милано се последните тренери кои заминуваа од своите екипи деновиве. Обрадовиќ наводно ја изгубил „соблекувалната“, бил во лош однос со некои странски играчи кои не почитувале баш ништо што барал од нив. Тој на првиот човек на клубот Остоја Мијаиловиќ му рекол дека не би сакал трагично да заврши крај клупата на Партизан зошто здравствено многу се троши.