- Сан Антонио Спарс соопшти дека сезоната за најдобриот кошаркар на тимот, Виктор Вембанјама е завршена, откако на медицински прегледи му била откриена длабока венска тромбоза.
- Венбанјама веќе неколку дена се жалел на болки, а докторите утврдиле дека на едно место има згрутчување на крвта.
- Отсуството на 21 годишниот центар до крајот на сезоната, му ги компликува работите на Сан Антонио во битката за плејофот.
- Фудбалерите на Интер навистина играат сјајна сезона па и покрај елиминацијата од Купот на Италија од градскиот ривал Милан, и натаму се во игра за други два пехари: скудето во Серија А и трофеј во Лига на шампиони.
- Интересно Интер нема пораз дома во Лига на шампиони цели 972 дена. Последниот загубен натпревар на „Џузепе Меаца“ во ЛШ им датира од 7-ми септември 2022-ра година.
- Традицијата вели дека Интер никогаш и не загубил полуфинален меч во Милано во Лигата на шампионите. Од сезоната 1963/1964 Интер играл 9 полуфинални дуели пред своите навивачи и никогаш не изгубил.
- Манчестер Јунајтед конечно после најтемни облаци целава сезона, на крајов може да испадне голем победник ако освои Лига Европа и обезбеди директен пласман во Лига на шампиони за следната сезона. Јунајтед е на чекор од големото финале на ЛЕ откако во првиот натпревар од полуфиналето на гости го демолираше Атлетик Билбао со 0:3.
- Јунајтед се спрема полека за следната сезона. Главна цел и најголема желба им е одличниот фудбалер од среден ред на Вулверхемптон, Матеуш Куња. Сега италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо соопштува дека Манчестер е сериозно заинтересиран и за српскиот голман од Торино, добар другар и соиграч на Елиф Елмас, Вања Милинковиќ-Савиќ.
- Српскиот репрезентативен голман (28) кој му е брат на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, во минатото бранеше за Војводина од каде направи трансфер во Манчестер Јунајтед на млади години но никогаш не стигна до прв тим на „Олд Трафорд“. Патот го носеше во Лехија Гдањск, СПАЛ, Торино, Стандард Лиеж и Асколи.