- Иднината на Лионел Меси сè уште не е определена - тој ќе бира меѓу ПСЖ и Барселона.
- Флоран Торшу, новинар на L'Equipe и автор на биографијата на Меси, вели дека главна варијанта за Лионел останува ПСЖ кој му е прв избор, а Барселона му е втор избор.
- Поминаа дури осум години откако Меси последен пат ја освои Лига на шампиони и токму спортскиот проект го гледа како најголем предизвик кој му е поважен од платата. Меси во моментов не знаел каде ќе продолжи и сака да го вии спортскиот проект на клубот за кој ќе настапува следната сезона.
- Барселона и лично Чави внимателно ја следат ситуацијата и во случај преговорите на светскиот шампион и ПСЖ да пропаднат, тие ќе се активираат.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.