Лазаров принуден да менува играч за Европско поради повреда
25 декември 2025
- Македонската ракометна репрезентација за утре го планира патувањето во Пореч каде ќе ги продолжи подготовките за Европско првенство 2026 кое се игра во јануари.
- Селекторот Лазаров беше принуден поради повреда да го замени Валентин Карсманакис, ракометарот на Алкалоид со Никола Маркоски. Ова е прво откажување на играч пред Европското.
- Македонија во недела ќе тестира против Хрватска, а пред Европското ја чекаат пријателски натпревари со Бахреин, Украина и Швајцарија.