Лазаров: Ќе прифатев вакви резултати пред ЕП, ама ќе сакав повеќе
21 јануари 2026
- Честитки на момците, не можам да им замерам ништо. Сакавме во ТОП-12, мислам дека и заслуживме такво нешто. Требаше да имаме напад за победа со Португалија на пример. И некако така секогаш.
- Имавме напад за два разлика со Унгарија на минатото СП, имавме скоро добиен дуел со Холандија, со Австрија и пак се враќаме на истото. Македонски менталитет, македонска глава и тука треба да се работи.
- Не сум незадоволен, ова е мое моментално расположение. Кога ќе паднат емоциите, тогаш ќе видиме како сме се спротиставиле на европски сили. Да дадеше некој вакви резултати пред Европското првенство ќе прифатев, ама ќе сакав повеќе“, изјави македонскиот селектор.