Фото: Epa Images
- Прво капитенот на Србија Богдан Богдановиќ, па најдобриот литвански кошаркар и лидер Јокубаитис, па одличниот германски центар Јоханес Фојтман, па Алекс Сар поради кој Франција ќе остане со само еден центар, па Естонецот Сим Сандерс и Летонците Андреј Гражулис и Артус Жагарс...
- Најмалку 7 кошаркари го завршија Европското првенство поради повреди. Селекторот на Летонија Лука Банки вели дека решението би можело да биде во плус тројца играчи во составот на секоја репрезентација односно зголемување од 12 на 15 кошаркари за секое Европско.
- Згуснатиот и напорен распоред и зголемен број на натпревари најмногу придонесува до повреди. Групната фаза почна на 27-ми август а во осум дена секоја репрезентација мора да одигра пет натпревари односно нема да има ниту два дена за одмор еден по друг.
- Поради густиот распоред и во НБА имаше пандемија на повреди па така настрадаа Демијан Лилард, Џејсон Тејтум, Тајрис Халибартон, Џејмс Вајзмен, Ајзеа Џексон, Дру Смит и други.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.