- Сопственикот на италијански Виртус Болоња, Масимо Ѕанети откри односно ги потврди нагаѓањата дека Дубаи од следната сезона 2025/2026 ќе биде дел од елитната европска кошаркарска - Евролига.
- „Во моментов многу се зборува за НБА, но Евролига останува најважен турнир. Ќе има многу можности за ова натпреварување, пред се затоа што од следната сезона ќе Дубаи ќе игра во Евролига“, рекол Ѕанети и ги открил плановите на врвот во европската клупска кошарка.
- Дубаи, тим основан пред неколку месеци во град и земја кој немаат ама баш никаква кошаркарска историја, е екипа со странски кошаркари како Давис Бертанс, Данило Анѓушиќ, Клемен Препелиќ и други.
- Сезонава за првпат играат и во јадранската АБА лига и солидно котираат па се очекува да играат и во завршницата за пехарот. Тренер им е Словенецот Јурица Јуре Големац.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.