- Селекцијата на Лихтенштајн е првиот противник на Македонија во квалификациите за СП 2026, која во една прилика ја совладавме 1:11.
- Селекторот е свесен за нивниот фудбалски статус, но потсети и дека на последните 10 меча се непоразени на пет, што за него е одличен резултат.
- „Ако се држиме според планот за игра, ќе успееме да дојдеме до нашата цел, тоа е да им направиме што е можно повеќе потешкотии на противниците.
- Ние сме аутсајдери во секој меч, ама не го криеме тоа. Македонија вреди многу повеќе од овој тим на Лихтенштајн. Ама и покрај тоа сакаме да одиграме убав меч пред нашите гледачи и да покажеме напредок и убав фудбал“, изјави Конрад Фунфстук
- Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра во сабота во Вадуз со почеток од 15 часот.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.