- Македонскиот селектор Кире Лазаров ги одбра 18-те ракометари кои ќе настапат на Мундијалот 2023. После неколку дена вагање кој да патува, Лазаров реши да отпадне голманот Марко Кизиќ, десниот бек Давид Савревски и левото крило Цветан Кузмановски.
- Нашите ракометари отвораат во петок со фаворитот Норвешка.
- Покрај носителите Митревски, Томовски, Талески, Манасков, Гоце Георгиевски, Маркоски и Пешевски, тука се и младите сили кои ќе треба да се докажат на најголема сцена.
- Миленикот на скопските Комити, Црногорецот Вуко Борозан пред неколку недели по втор пат го напушти Вардар 1961. Се очекуваше да најде ангажман во странство, се споменуваа и арапските земји или клуб од Западна Европа, но на крајот Борозан реши да остане таму каде што му е најубаво, во Македонија.
- Негов нов клуб ќе биде РК Охрид кој ги продолжува неверојатните ангажмани на трансфер пазарот со цел да ги исполни амбициите да се бори за шампионските трофеи во догледно време.
- Борозан беше дел од големите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена и прашање е како навивачите ќе реагираат на овој чекор.
- Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги добија највисоките признанија на традиционалната манифестација „Спортист на годината 2025“, која се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
- Рустемовски до признанието „Спортист на годината“ стигна по освојувањето на сребрен медал и вицешампионската титула на ЕП У23 во Ереван. Во изборот, тој беше подобар од номинираните Енис Барди, Стефан Михајловски, Андреас Трајковски и Владимир Егоров.
- Во женска конкуренција, титулата најдобра спортистка ѝ припадна на Попева, која лани стана шампионка на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг во Санта Сусана (Шпанија). За признанието беа номинирани и Ангела Мојсовска, Александра Марковска, Катерина Ацевска и Сашка Колеска.
- Министерството за спорт традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. Свеченото доделување на стипендиите се одржа во МОБ, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“.