- Во даночната 2022-ра, најголем буџет пријавила тетовска Шкендија која со 3,2 милиони имала одлични предуслови за функционирање, но и покрај тоа во сезоната 2022/2023 заврши на трето место, зад Струга Трим Лум и Шкупи.
- Токму Стружани кои неочекувано станаа шампиони, не поднеле ревидиран финансиски извештај до македонската берза за хартии од вредност, така што не се знае со колкав буџет располагал клубот кој стана првак.
- Скопскиот клуб Шкупи од населбата Чаир имал буџет од 2 милиони евра, но годината 2022 ја завршил со добивка од 461.500 евра а во евиденцијата за таа година пријавиле само еден вработен во клубот. Силекс имал буџет од 845.000 евра, средства во најголем дел обезбедени од главниот спонзор на клубот, националната телевизија Сител кој на клубот му донирал 500.000 евра.
- Брегалница 2008 од Штип имал буџет од 524.000 евра за 2022, а годината ја завршиле со позитива од 266 евра. Овој клуб пријавил вработени 19 лица. Тиквеш Кавадарци имал буџет од 438.000 евра и вработени 17 лица, а 2022-ра ја завршиле со загуба од 48.000 евра.
- Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град пресуди дека клубот, основан во 1911 година ќе биде ликвидиран.
- Долгорочните финансиски проблеми се причината за оваа тажна вест која доаѓа од италијанскиот фудбал. Долговите изнесувале околу 20 милиони евра.
- На клубот му биле одземени 8 бода, што довело до испаѓање во Серија Ц, за потоа да не успеат ниту да регистрираат играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните лиги на италијанскиот фудбал.
- Бреша е асоцијација за Роберто Баџо, а дресот на овој тим го имаа носено и Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Сандро Тонали...
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.