Колку Македонци ќе има на Зимските Олимписки Игри?
2 февруари 2026
- Младата Јана Атанасовска која го држи рекордот за најдобар остварен резултат во историјата на македонското алпско скијање во женска категорија со освоени 30,56 поени ќе биде една од четворицата македонски олимпијци кои ќе се појават на ЗОИ 2026 во Милано и Кортина (од 2-ти до 22-ри февруари).
- Покрај неа тука се уште и најискусниот Ставре Јада кој има веќе две Олимпијади зад себе, во Пјонгјанг 2018 и во Пекинг 2022-ра и ќе настапува во крос-кантри дисциплина, и Виктор Петров кој би требало да учествува во велеслалом и слалом наместо претходно најавениот Мирко Лазаревски.
- Ана Цветановска дебитираше во Пекинг 2022 на едни од најдобро организираните Зимски Олимписки Игри во историјата, па ова за неа ова ќе бидат втори Игри. Цветановска е единствена претставничка во норидско трчање а на неодамна завршениот Балкански Куп во иста дисциплина освои 5-то место во жестока конкуренција.