Кој колку заработи од Мундијалот?
21 јули 2026
- Како што објави ФИФА лани во декември, најголемото Светско првенство досега има и најголем награден фонд во историјата. Вкупно 655 милиони долари ќе бидат поделени меѓу 48-те земји, а исплатите се движат од 9 до 50 милиони долари.
- Светскиот првак Шпанија заработи 50 милиони, а второпласираната Аргентина 33 милиони долари. Англија како трета ќе добие 29, а Франција 27 милиони долари.
- Најмалата награда од 9 милиони долари им следува на селекциите од 33-то до 48-мо место. Секоја федерација ќе добие по дополнителни 1,5 милиони долари за трошоците за подготовка.