- Најдобриот светски тенисер ја започна и 405. недела на прво место на АТП листата. Се наближува и официјалниот почеток на новата сезона. Новак Ѓоковиќ најпрво ќе игра ревијален, егизбициски меч со Карлос Алкараз во Ријад (Саудиска Арабија) na 27-ми декември, а потоа ќе патува во Перт (Австралија) каде ќе биде дел од тимот на Србија на Јунајтед Купот. Шесте најдобри селекции на светот според ранг листа ќе играат на овој турнир.
- Првиот официјален меч од новата сезона Ѓоковиќ треба да го игра во недела (31-ви) декември со почеток во 10 часот по Средноевропско време токму на тој Јунајтед Куп. Треба да игра против Кинезот Џижен Жанг - во моментов 58-ми тенисер на светот. Жанг ги освои Азиските игри, а во Хамбург стигна до првото полуфинале во кариерата, па во Мадрид стигна и до четвртфинале.
- Првиот Гренд слем турнир на сезоната, Австралија Опен почнува на 14-ти јануари. Ѓоковиќ најави дека ќе игра во Мелбурн.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.