- Веќе неколку недели гласно се зборува дека клуб од Дубаи од следната сезона ќе игра во Евролигата за што оваа организација би добила раскошни спонзорски договори и секој клуб-основач би добил по најмалку 1 милион евра, а сега се зборува и за јадранската АБА лига.
- Наводно клуб од Дубаи сака да заигра во регионалното натпреварување, а барање за влез во АБА поднел и романскиот Клуж кој сезонава игра во Еврокуп а има амбиции да се проба и со најсилните екипи од регионов.
- Неофицијално клуб од Обединетите Арапски Емирати сака да се придружи на АБА лигата и да донесе околу 3 милиони долари во спонзорски договори а и да ги покрива авионските и сместувачките трошоци на сите кубови кои би патувале таму за натпревари во Дубаи. Исто така понудена е двегодишна организација на АБА Суперкуп во Дубаи чиј награден фонд би бил 200.000 евра од година.
- Првиот човек на фан-клубот навивачи на Реал Мадрид од шпанската ексклава Сеута (градче кај Мароко кое и припаѓа на Шпанија), изјавил дека биле разочарани од тоа што фудбалерите на Реал Ибраима Конате, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор ги сокриле натписите за поддршка на Сеута на маиците пред натпреварот со Елче (2:3).
- Се појави видео на кое Винисиус му покажува на Мбапе како да ја свитка маицата за да не се гледа натписот за поддршка на жителите на Сеута. Таканаречената Пења Мадридиста Сеута брои околу 120 членови и е основана во далечната 1987-ма година.
- Овој град се најде на страшен удар на имигрантски наплив при крајот на јули кога преку 70.000 имигранти насилно влегоа или се обидоа да влезат во Сеута, па оттаму да тргнат за Шпанија. Оттогаш досега се случиле бројни кривични дела меѓу кои и силувања на малолетнии девојчиња од страна на имигрантите кои се судрија и со полицијата.
- „Бевме изненадени кога ги видовме кадрите од подтрибинскиот простор и видовме како сите играчи ги облекуваат маиците со натпис за поддршка на нашиот град. Но потоа приметивме како тројца играчи на Реал ги виткаат маиците за да не го прикажат самиот натпис. Помисливме: 'Значи нема поддршка'. Ни беше многу криво особено што тоа се играчи на нашиот Реал. Колку што сфатив, Мбапе кажал и дека иако тој сочуствува со нашата ситуација, исто е солидарен и со мигрантите и затоа не ја облекол маицата. Ако имаш маичка за поддршка на Сеута, не ја соблекувај, а утре или на следниот натпревар облечи некоја во поддршка на мигрантите. Просто е“, му порачал на Мбапе првиот човек на фан-клубот на Реал Мадрид од Сеута.
- Одбојкарската репрезентација на Македонија помалку го обели образот и со триумф го заврши своето четврто учество на европските првенства, совладувајќи го Израел со 3:0 во Софија, по сетови 25-21, 25-23 и 25-22.
- Капитенот Никола Ѓорѓиев уште еднаш беше најдобар поединец во македонската репрезентација со 20 поени, пред Стојан Илиев со 14.
- Единствената победа на шампионатот по четирите максимални порази ги искачи „црвено-жолтите“ на петтото место во групата Б, оставајќи ги Израелците зад нив и спречувајќи ги да се пласираат во осминафиналето.
- Македонија претрпе 4 порази во групната фаза: од домаќинот Бугарија, од големиот фаворит за титулата Полска, од силната Украина и од Португалија. Со триумф над Израел Македонија со 1-4 го заврши учеството на четвртото Европско првенство по ред.