- Во жарот на борбата, страствените навивачи од Балканот често ги преминуваат сите граници на нормално однесување.
- Така, на мечот кој белградски Партизан убедливо го добил против шпанска Басконија, некој гледач без никаква причина, при високо водство на српскиот тим, го плукнал судијата.
- Клубот Партизан експресно го идентификувал, го објавил, го казнил доживотно да не може да влегува во сала кога ККП ќе биде домаќин и притоа го тужел за да ја плати казната од Евролига која му наложила на Партизан да плати 5.000 евра.
- Скоро на овие простори не е забележана ваква реакција која во некои други земји е како добро утро.
- Убави ветришта дуваат кај двократниот европски шампион. По освоениот Куп пехар до кој дојдоа со крајни маки против тврдиот орев, црвено-црните блескаат и во првенството каде се први и на чекор до нова шампионска титула после цели 5 години.
- Управата на чело со почесниот претседател Михајло Михајловски денес на прес-конференција потврди дека клубот го договорил и 23-годишниот француски ракометар Матео Фадуил.
- Во оваа сезона, Фадуил настапува за Трембли за кого на 24 натпревари даде 157 гола. Французинот во Трембли е од 2022 година, а покрај за Нант за кого играше од 2019 до 2021, настапуваше и за Саран на позајмица и за Кретеј. „Фадуил ќе биде и последно засилување во ростерот на Вардар за новата сезона“, потврдил Михајло Михајловски кој додал и дека според тренерот Чупиќ, Вардар 1961 ќе биде за 40% појак од оваа сезона.
- Претходно, Вардар за следната сезона ги договори Мохаб Абделхак, Милан Бомаштар и Леон Љевар.
- Ракометниот клуб Вардар 1961 објави и дека договорил нов моќен спонзор со кој ќе соработува во иднина. Станува збор за „Казинос Австрија Интернешионал“, компанија која ќе биде еден од главните поддржувачи на вардарци.
- Никола Митревски се обврза на нов договор за Еурофарм Пелистер за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28, соопштуваат битолчани.
- Во октомври оваа година, тој ќе наполни 41 година и доколку реши да остане уште една сезона, тоа значи ќе брани и на 42.
- „Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионалец со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина“, стои во дел од соопштението на клубот.