Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Ќе се одложуваат натпревари во Евролига, Јасикевичиус и 14 кошаркари од разни клубови заглавени во Дубаи

2 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Првиот човек на белградски Партизан Остоја Мијаиловиќ во вели дека постои голема веројатност многу натпревари од Евролига да бидат одложени а истата е под голем знак на прашање поради новонастаната ситуација на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и САД против Иран.
  • Евролигашкото 30. коло по ред, треба да се игра во четврток и петок неделава, но прашање е кои натпревари ќе се одиграат а кои ќе се одложат. Сигурно е дека големото дерби меѓу израелските ривали Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив е одложено од безбедносни причини затоа што Израел е во војна, а овие два клуба речиси сигурно како до неодамна, ќе се вратат да играат во Србија и во Бугарија.
  • Првиот човек на Партизан во разговор за белградска телевизија К1 рекол дека од неговиот клуб тројца играчи (Дилан Осетковски, Двејн Вашингтон и Шејк Милтон) се заглавени во Дубаи. Таму е уште и тренерот на европскиот шампион Фенербахче Шарунас Јасикевичиус и уште 14 евролигашки играчи. „Нашите играчи отидоа на одмор во Дубаи како и многу луѓе кои во последните 10-15 години го гледаат Дубаи како врвно место за одмор и забава. Отидоа и тоа е нивно право, не можат да добиваат препораки каде да одат а каде да не одат“, вели Мијаиловиќ.
  • Некои од кошаркарите од Евролига кои се во Дубаи веќе тренирале со КК Дубаи кој во четврток требаше да гостува во Белград на дуел против Партизан но тој меч веројатно ќе се одложи.
  • „Единствен аеродром кој работи во околина таму е тој во Оман. Отежната е и ситуацијата како да се префрлат (кошаркарите и тренерите) таму, по копнен пат тоа е четири ипол часа. Во овие моменти нема услови тоа да се изведе. Нашите играчи се наша грижа, но ако земеме предвид дека во ОАЕ има 11 милиони жители а само 1 милион се Емирати а сите останати емигранти, тоа значи дека не се само нашите играчи единствена грижа. Многумина чекаат да се вратат од тие подрачја. Ова е шок за сите нас“.
извор

Португалија добива нова седумка откако Роналдо си замина

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Потресот кој го предизвика заминувањето на Кристијано Роналдо од базата на репрезентацијата на Португалија, револтиран од односот на селекторот Жорж Жезус кој го загреваше 30 минути на натпреварот против Норвешка па не го стави во игра и го врати на клупа, уште трае.
  • Оваа вест е главна на сите светски спортски медиуми.
  • А во меѓувреме од фудбалската репрезентација на Португалија стигна нова вест дека седумката на Роналдо веќе му ја дале на Рафаел Леао за натпреварот против Данска вечерва во Копенхаген.
  • Леао седумка носел во младинските категории како и во Спортинг и во Лил. После Милан Рафаел Леао летово во богат трансфер отиде во Галатасарај. Кариерата на крилниот напаѓач е во пад, неговата форма драстично опадна во Милан каде ни од близу не ги пружаше партиите од првите денови во клубот. Тој за сега и во Турција не ја почна добро сезоната и не делува воопшто на играч кој прави разлика на теренот.

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

извор

Селекторот на Словенија по победата: „Не паѓаме во еуфорија, Македонија не е баш при фудбалскиот врв“

30 септември 2026
  • Share
  • Post
  • По триумфот на Словенија 2-0 над Македонија на стадионот „Стожице“ во Љубљана, словенечкиот селектор Бостјан Сезар после натпреварот зборувал подолго пред новинарите, а меѓу другото кажал:
  • „Честитки до момците, но ова е само почеток. Мора да раснеме од натпревар во натпревар. Едноставно не смее да има еуфорија. Победата е добра, ја остваривме против добра екипа, но Македонија не припаѓа баш на самиот врв на светскиот фудбал“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
3

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија

Фудбал
4

Ибра со свое видување за парите и Манчестер Сити

Фудбал
5

Жезус: Правилата се исти за сите, Роналдо ми рече дека ако треба ќе седи на клупа

Фудбал
6

Ѓоковиќ има нов начин на делење автограми

Разно
7

Седло после шест меча без постигнат гол

Фудбал
8

Почнаа мајтапите со случајот Манчестер Сити

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Другарке, што вака трудна?

Ние, Другите, што не сме доволно бели

Емоции, втора лига

Телма меѓу навивачите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy