Кире Лазаров го објави поширокиот список за Светско првенство
2 декември 2025
- Веќе традиционално, Македонија во јануари ќе учествува на ново Светско првенство кое овојпат ќе се одржи во најракометните земји на светот: Данска, Шведска и Норвешка.
- Селекторот Кире Лазаров полека ја спрема селекцијата која ќе го изнесе најголемиот товар пред и на Мундијалот. Македонските ракометари ќе играат на контролен турнир „Жолт Куп“ во швајцарски Винтертур, а потоа Македонија ќе игра на Светското во група во Данска.
- Таму ќе се бори за бодови со домаќинот Данска, со Романија и со Португалија.
- На поширокиот список се повеќе горе-долу познати имиња од ветераните Никола Маркоски, Никола Митревски на голот, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, преку браќата Петар и Павле Атанасијевиќ до рековалесцентот Милан Лазаревски.
- Интерсно од 37 ракометари само двајца играат во странство: голманот Мартин Томовски кој блеска во германски Битигхајм како и Михајло Младеновиќ од француски Кретеј.