Кире Лазаров го објави поширокиот список за баражот за Светско првенство
30 април 2026
- Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за бараж мечот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година.
- На списокот има 35 имиња, а тројца од нив доаѓаат од странство. Од шампионатите надвор од Македонија, тоа се голманот Мартин Томовски од Германија, бековите Филип Талески од Унгарија и Мартин Карапалевски од Шпанија.
- Македонија и Словачка ќе се судрат во мај. Првиот натпревар го играме на гости на 13, додека реваншот ќе се одигра на 17 мај во Скопје.